Турција сака да биде на списокот на земји чии граѓани можат да влезат во ЕУ

од Vladimir Zorba

Официјална Анкара побара од Европската унија (ЕУ) да го надополни својот список на земји на кои граѓаните ќе им биде дозволено да влезат во Унијата, вклучително и Турција, истакнувајќи дека веруваат дека нејзиното исклучување е „грешка“, пренесува порталот „Политико“.

Министерството за надворешни работи на Турција ја критикуваше одлуката на ЕУ да гi исклучи турскite државјанi од избраниот список на 15 земји чии граѓани имаат право да влезат во Унијата.

Европската унија презема чекори за постепено отворање на границите кон трети земји, по ограничувањата поради епидемијата на коронавирус.

„Разочарани сме што Турција не е на тој список“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој, истакнувајќи дека Светската здравствена организација го пофали пристапот на Турција во борбата против пандемијата и дека успехот против вирусот е очигледен.

„Очекуваме корекција на грешката во врска со ограничувањето на патувањето на нашите граѓани што е можно поскоро“, додаде Аксој.

Слични содржини