Турција се подготвува за санкции од САД поради набавката на руските C-400

од Vladimir Zorba

 

Турција се подготвува да ги добие руските ракетни комплекси C-400 и нема намера да се откаже од својот план поради САД. Ова на прес-конференција го соопшти турскиот министер за надворешни работи, Хулуси Акар, цитиран од Ројтерс.

Договорот за комплексите беше потпишан на крајот од 2017 година и изнесува 2,5 милијарди долари. Акар додаде дека неговата земја се подготвува за можни санкции поради законот CAATSA (За спротивставување на противниците на Америка преку санкции), кој беше усвоен во Вашингтон и влезе во сила минатата година. Според Акар, Турција моментно размислува за американски предлог за продажба на комплекси „Патриот“, но исто така испраќа и тим во Русија за обука за ракување со C-400.

Според „Хуриет“, Акар исто така нагласил дека на Турција и се потребни модерни системи за воздушна одбрана за своите 82 милиони жители и ќе ги исполни сите обврски од програмата за испорака на F-35. САД веќе се закануват да ја прекинат поради одлуката за С-400, тврдејќи дека сите земји од НАТО, каква што е и Турција, треба да купуваат воена опрема со ист стандард, на кој руските комплекси не одговараат.

Претходно телевизијата „Си-Ен-Би-Си“ соопшти, повикувајќи се на сопствени извори, дека САД упатиле ултиматум кон Турција со барање до крајот на првата недела од јуни да се откажат од купувањето на С-400, за да земјата не биде отстранета од програмата и да не ги добиете веќе нарачаните 100 авиони F-35. Информациите немаат потврда, но Кремљ осуди било каков ултиматум на оваа тема и го нарече „неприфатлив“.

„Договорот за C-400 е завршен и ќе биде исполнет“, рече претседателскиот прес-секретар Дмитриј Песков, цитиран од РИА Новости.

„Никаде во договорот за F-35 не постои клаузула за исклучување од партнерството, поради купување на C-400“, вели Акар. „Турција плати 1,2 милијарди евра. Ние ги произведовме навреме и деловите, што ни беа нарачани. Што уште треба да сториме?“

Слични содржини