Турција се „шири“ во Африка, Америка, Русија… „на најбрз и најефикасен начин“

од Stefanija Kuzmanovska

Турција планира да воспостави логистички центри во стратешките региони на Африка, Америка, Европа, Русија и Далечниот исток.

Ова го објави министерот за трговија на Турција, Рухсар Пекџан.

„Нашата цел е да ги доставиме турските производи на светските пазари на најбрз и најефикасен начин“, рече Пекџан во изјавата.

Таа додаде дека меѓу приоритетите на ова Министерство е воспоставување на потребните инфраструктурни капацитети што ќе ги зголемат извозните резултати на важните глобални пазари.

Истакнувајќи дека логистиката има клучна улога во трговијата, вклучително и е-трговијата, таа истакна дека ваквите центри ќе им помогнат на странските економски иницијативи на Турција, пренесува „ТРТ“.

Таа истакна дека турската влада ќе ги поддржи овие центри во однос на плаќањето на сите трошоци како што се трошоците за лиценци и дозволи, царинење, управување со залихи, промоција и други маркетинг активности.

 

loading...

Слични содржини