Турција: Вкупно 216 војници се во бегство

од Vladimir Zorba

timthumb (14)

Вкупно 216 војници, меѓу кои и девет генерали се во бегство повеќе од три недели по неуспешниот државен удар во Турција, соопшти владата во Анкара.

-Вкупно 186 припадници на оружените сили и 30 членови на жандармеријата се во бегство. Меѓу нив има и девет генерали, изјави портпаролот на турската влада Нуман Кутрулумус.

Полицијата трага за овие лица во рами на “чистката“ покрената по неуспешниот пуч на 15 јули оваа година.

Турција по обидот за државен удар покрена “масовна чистка“ во сите сектори. Повеќе од 10.000 луѓе се под истрага или во “превентивен притвор“ додека повеќе од 50.000 Турци се отпуштени од работните места поради наводни врски со пребегнатиот проповедник Фетулах Ѓулен кој е директно обвинет за организирање на државнит удар.

Слични содржини