Турција забрани ПРОДАЖБА НА АЛКОХОЛ во продавниците за време на „локдаунот“

од Vladimir Zorba

Турција забрани продажба на алкохол за време на периодот на „целосно заклучување“ на земјата, кое започнува утре, што ги налути противниците на владата, кои велат дека претседателот Реџеп Таип Ердоган се обидува да ги наметне своите исламски вредности на 83 милиони луѓе во земјата .

Забраната за продажба на алкохол во продавниците ќе биде од 29 април до 17 мај, пренесе „Блумберг“, повикувајќи се на службени лица запознати со прописите на Министерството за внатрешни работи.

Во овој период ќе можат да работат само продавници што продаваат храна и други производи неопходни за живот, прецизираше неименуван турски службеник наведен за страницата „Middle East Eye“, која известува за настаните на Блискиот исток и Северна Африка.

Според оваа страница, чие седиште е во Лондон, одлуката за забрана на продажба на алкохолни пијалоци нема да влијае на производителите кои можат директно да продаваат алкохолни пијалоци на граѓаните преку Интернет или преку телефонски нарачки.

Членовите на водечката турска опозициска Републиканска народна партија сметаат дека регулативата ги рефлектира желбите на Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот за порелигиозен начин на живот во Турција и велат дека одлуката ќе има мало практично влијание врз ограничувањето на ширењето на коронавирусот.

Слични содржини