Турција заплени руски товарен брод: На него украдено украинско жито?

од Stefanija Kuzmanovska

Турција заплени руски товарен брод со жито за кој Украина тврди дека е украден. Запленувањето е извршено откако украински дипломати побарале од турските власти да го запрат бродот „Жибек Џоли“, тврдејќи дека превезува „украдени“ земјоделски производи.

Во неделата, украинскиот амбасадор во Турција, Василиј Боднар, на Твитер изјави дека бродот испловил од пристаништето Бердјанск и пристигнал во турското пристаниште Караса. На бродот во Бердјанск наводно биле натоварени околу 4.500 тони жито, пренесува „Танјуг“.

– Целосно соработуваме. Бродот моментално стои на влезот на пристаништето, го задржаа царинските власти на Турција – изјави Боднар на украинската национална телевизија, пренесе „Ројтерс“.

Тој рече дека за судбината на бродот ќе одлучува состанок на истражителите во понеделник. Боднар, исто така, рече дека се надева дека житото ќе биде конфискувано.

– Имаме целосна соработка. Бродот моментално е на влезот на пристаништето. Тој е приведен од царинските органи на Турција – рече тој.

„Руско знаме, но му припаѓа на Казахстан“

„Гардијан“ пренесува дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров потврдил дека бродот има руско знаме, но дека донекаде го заматил наративот во понеделникот.

– Бродот навистина има руско знаме, но мислам дека му припаѓа на Казахстан и товарот е транспортиран според договорот меѓу Естонија и Турција – рече Лавров.

Киев ја обвинува Русија дека краде жито од окупираната територија за да го продаде на меѓународниот пазар. Извозот на жито од Украина има удел од речиси 15 проценти на глобално ниво.

Слични содржини