Турците бомбардираат, исламистите бегаат од затвор

од desk3

Пет припадници на исламската држава побегнале од затворот во северна Сирија, откако околината на затворот била бомбардирана од турската сила, пишува Independet.

Исламистите побегнале од затворот во Камишлија, во чија околина водат борба турските сили и локалните курди, а тој регион го напуштиле повеќе од 1000 цивили.

Неколку стотини курдски борци и најмалку девет цивили починале од почетокот на турската офанзива.

Сириските извори наведуваат дека турската војска, заедно со своите сојузници, досега изгубиле 262 лица.

Слични содржини