Турунџиева во посета на Атиџе: Му благодарам на животот што ми даде прилика да ја запознаам и да испијам кафе со неа (видео)

од Nikola Popovski

Познатата македонска пејачка и водителка Сузана Турунџиева реши да ја посети Атиџе Муратова, ѕвездата од филмот „Медена земја“.

Турунџиева вели дека 2020 година за неа е промашена година, но средбата со Атиџе и е нејдоброто нешто кое воопшто и се случило.

„Најдоброто од се е пријателството со Атиџе- жената која ја испрати најсилната порака во светот и хероина, која во целост ја промени мојата “диоптрија” на животот. Има малку моменти и ситуации за кои ми недостигаат зборови да се искажам… ова е еден од тие… Ќе оставам сликите и видеата да ви раскажат…Му благодарам на животот што ми даде прилика да ја посетам, да пиеме кафе, да се гушкаме, да пееме и да се смееме..“, објави Турунџиева на социјалните мрежи и сподели видео од заедничката изведба на „Македонско девојче“

Сакавте песна – еве ви песна🎶🎼

Публикувахте от Suzana Turundzieva в Понеделник, 14 септември 2020 г.

Откако филмот „Медена земја“ стана планетарно популарен, а Атиџе од својот мал свет и тежок живот стана ѕвезда, нејзиниот дом го посетија многу луѓе воодушевени од филмот, но и нејзиниот труд и карактер кој е прикажан автентично.

Инаку, деновиве во медиумите се појави информација дека Атиџе Муратова повторно имала проблеми со соседот, а реагирала и полицијата.

Слични содржини