Туск во изолација со симптоми на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот совет, Доналд Туск се наоѓа во изолација затоа што има симптоми кои укажуваат на тоа дека е заразен со ковид-19, објави „Политико“.

„Туск е во изолација со симптоми на коронавирус од 27 октомври и ги чека резултатите од тестот“, изјави за „Политико“ официјален претставник на Европската народна партија.

На 15 октомври, Туск претседаваше со состанокот на Европската народна партија, што се одржа на највисоко ниво пред самитот на лидерите на Европската унија во Брисел.

Слични содржини