Тужба за Fortnite: Создава зависност како кокаин

од desk2

Родителите на две момчиња се одлучија да ja тужат компанијата Epic Games за најпопуларната игра Fortnite затоа што предизвикува зависност.

Адвокатската канцеларија Calex legal од Монтреал, која ги застапува момчињата, играта Fortnite ја споредува со кокаин и наведува дека поттикнува лачење на допамин во мозокот кај ранливи млади луѓе кои поради тоа се зависни од играње видеоигри, пренесува CBC.

Адвокатката Алесандра Еспозито Чартранд, смета дека има доволно докази за да го отвори случајот.

Ги повикува и другите родители истомисленици да ѝ се придружат.

Според зборовите на адвокатите, Epic Games, со помош на тим од психолози ја направија играта зависна за играчите и таква ја пласираа на пазарот, со цел да привлечат што е можно повеќе деца.

„Кога нешто може да предизвика зависност, компанијата е должна да ги предупреди корисниците за тоа, а Epic Games го пропушти овој момент“, вели адвокатката.

Родителите се одлучија да ја тужат Fortnite, за да не дозволат и други деца да се заразат со оваа видеоигра.

Fortnite е бесплатна и е една од најпопуларните игри во светот, со повеќе од 125 милиони играчи.

Слични содржини