(ВИДЕО)На Youtube објавена снимка за која се посочува дека е од разговорите Груевски-Заев

од desk3

gruevski-zaev1

На  Youtube  се појави видео видео за се тврди тврдат дека е од еден од четирите разговори меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на кој се зборувало за компромитирачките содржини што ги поседува опозиционерот за властодршците.

На видеото со слаб квалитет,  може да се чуе дека Груевски го прашува Заев од каде му се материјалите, а овој одговара дека му се од странски служби.

Груевски во саботата, при обраќањето кон нацијата, го обвини Заев дека го уценувал да прифати техничка влада, а во спротивно лидерот на опозицијата ќе објавел компромитирачки материјали за дел од функционерите. Поради ова полицијата ја спроведе акцијата „Пуч“ во која Заев е еден од четворицата осомничени.

Претседателот на СДСМ, за време на саботниот прес, изјави дека материјалите ги добил од домашните служби и дека сигурно немало на Груевски точно да му каже од каде ги добил.

loading...

Слични содржини