Твитер го блокирал профилот на Канје Вест

од Nikola Popovski

Познатиот рапер и музички продуцент Канје Вест во неколку наврати непријатно ги изненадил и загрижил своите бројни обожаватели со скандалозни постапки, а капката што ја претече чашата, се чини, е уринирањето врз неговата наградата Греми.

Според медиумите, Вест се бори со никогаш поизразената манична фаза на неговото биполарно растројство, за кое отворено зборувал, а истото го тврди и неговото семејство, кое се обидува да го врати на вистинскиот пат.

Во синоќешната серија испади на социјалната мрежа Твитер, покрај споменатиот инцидент со Греми наградата, Канје ги повикал и издавачките куќи, открил доверливи договори, телефонски броеви и контакти и очајно побарал помош од неколку познати личности.

Вест со тоа претерал малку, односно ги прекршил ограничувањата на Твитер. Неговиот профил не бил избришан, туку според неговиот пријател, поранешниот кошаркар на НБА, Рик Фокс, профилот на раперот бил блокиран 12 часа.

Слични содржини