Твитер го симна промотивното видео на Трамп за Џорџ Флојд

од Vladimir Zorba

Twitter Inc. го оневозможи видеото од кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп посветено на Џорџ Флојд на својата платформа, наведувајќи поплака за повреда на авторските права, пренесува Ројтерс.

На снимката, која е комбинација на фотографии и видеа од протестните маршеви и насилство по смртта на Флојд, се слуша говорот на Трамп во позадина.

Твитер објави дека видеото на сметката на претседателската кампања ја крши политиката за авторски права.

„Ние одговараме на валидни поплаки за повреда на авторските права испратени до нас од сопственикот на авторските права или нивните овластени претставници“, изјави претставник на Твитер.

Промотивното видео, сè уште стои на YouTube.

Протестите започнаа во Минаполис еден ден по убиството на Флојд и се проширија во градовите низ Америка за неколку дена.

Протестите беа главно мирни, особено во текот на денот, но беа обележани со насилство и уништување на имотот во некои градови, како и прекумерна употреба на полициските сили.

Џорџ Флојд почина откако сега отпуштениот и обвинетиот полицаец Дерек Човин клечеше на неговиот врат скоро девет минути на 25 мај.

Слични содржини