Твитер го зголеми бројот на корисници и покрај егзодусот на огласувачи

од Nikola Popovski

Сопственикот на Твитер, Илон Маск соопшти дека регистрациите на нови корисници на социјалната мрежа се на рекордно високо ниво и се зголемуваат и покрај масовниот егзодус на огласувачи и корисници.

Огласувачите на Твитер, вклучително и големите компании како General Motors, Mondelez International, Volkswagen AG, го паузираа рекламирањето на платформата.

Маск рече дека имало „голем пад на приходите“ од повлекувањето на огласувачите, обвинувајќи ги групите за човекови права кои вршеле притисок врз главните огласувачи да преземат акција доколку Маск не ја заштити умереноста на содржината.

Се верува дека стотици вработени на Твитер ја напуштиле компанијата, по ултиматумот на Маск за вработените да се пријават за прекувремена работа со „висок интензитет“ или да си заминат.

Компанијата отпушти половина од својата работна сила претходно во ноември, вклучувајќи тимови задолжени за комуникации, човекови права и вештачка интелигенција, како и инженерски тимови.

Слични содржини