Твитер ќе им овозможи на корисниците да кријат одговори на свои објави

од Vladimir Zorba

Твитер сега ќе им овозможи на корисниците да кријат одговори на свои објави.

„За да им дадеме на луѓето поголема контрола над разговорите, што се започнати од нив, тестиравме функција што им овозможува да ги кријат одговорите од своите објавувања на Твитер… Денес, тоа им го овозможуваме на луѓето ширум светот“, се вели во веб-страницата на компанијата.

Според информациите, овие измени се направени за корисниците „да се чувствуваат безбедно и удобно додека разговараат на Твитер“.

Додека ја тестираа новата карактеристика на компанијата, откриено е дека повеќето луѓе криеле одговори за кои сметале дека се несоодветни или вознемирувачки, а исто така и дека многумина наместо режим на блокирање ја користат услугата „криење на одговори“.

Луѓето се заинтересирани и за тоа како познатите политичари или новинари ќе ја користат оваа функционалност.

Слични содржини