Твитер наскоро ќе добие Super Followers опција

од Vladimir Zorba

Минатата недела услугата за претплата на Твитер беше лансирана во САД и Канада и се чини дека компанијата не застанува тука кога станува збор за напорите за заработка на популарната услуга.

Џејн Манчун Вонг на својата сметка објави дека компанијата се подготвува да ја стави во функција следната платена функција, наречена Super Followers.

Опцијата е најавена од Твитер во февруари оваа година и им овозможува на корисниците да заработат од своите сметки на Твитер и да создаваат твитови, скриени зад платформата за претплатници. Претпоставка е дека Твитер ќе земе процент од оваа претплата.

Некои од условите, за да можат да создадат сметка за Super Followers, се корисникот да има најмалку 10.000 следбеници и да има објавено 25 твита во текот на претходните 30 дена.

Некои од карактеристиките што корисниците можат да им ги дадат на своите „Супер следбеници“ вклучуваат налепници и ознаки за да се издвојат од другите.

Во моментов, Твитер бара од корисниците што сакаат да создадат сметка за Super Followers да аплицираат, заедно со информации за тоа каква содржина создаваат, пред да се одобри сметката.

Слични содржини