Твитер нема да ги отстрани снимките од изјавата на Трамп за инјектирање средства за дезинфекција против коронавирусот

од Vladimir Zorba

Твитер објави дека видеата на американскиот претседател Доналд Трамп кои сугерираат дека со коронавирусот може да се бори со инјектирање средства за дезинфекција на заболените, не ја нарушуваат политиката на социјалната мрежа за дезинформации за КОВИД-19.

Портпарол на Твитер за Ројтерс изјави дека тие ја сметаат изјавата на американскиот претседател како желба да се најде лек за КОВИД-19 наместо буквален повик луѓето да инјектираат средства за дезинфекција.

Твитер претходно објави дека дава приоритети за отстранување на дезинформации за КОВИД-19 кои би можеле да бидат штетни, но нема да одговорат на кој било пост што содржи нецелосни или контроверзни информации за болеста.

Социјалната мрежа во своето правило за дезинформација изјави дека ја проширува дефиницијата на штета на сè што е спротивно на упатствата на здравствените власти.

На прес-конференцијата во Белата куќа, Трамп рече дека би било „интересно“ да се провери дали средството за дезинфекција може да убие вирус во телото бидејќи го убива однадвор.

Слични содржини