Твитер прави „чистка“: Укинати 70 000 профили поврзани со движењето „QAnon“

од Nikola Popovski

Твитер „трајно ги суспендираше“ 70.000 профили поврзани со про-трамповото движење „QAnon“ за да спречи социјалнатата мрежа да се користи за насилни цели, како што се организирањето немири во Вашингтон минатата недела.

Платформата спроведе „чистка“ во петокот, почнувајќи со блокада на профилот на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Овие профили во голема мера ја споделија опасната содржина поврзана со движењето QAnon. „Тие беа главно посветени на ширење теории на заговор“, се вели во синоќешното соопштение на Твитер.

Многу корисници имаа повеќе профили, така што бројот на укинувања е голем.

Минатата недела социјалните мрежи Твитер и Фејсбук го суспендираа профилот на претседателот Трамп во заминување поради неговите коментари во врска со упадот во американскиот Конгрес.

Двете компании направија чекор без преседан по насилството на приврзаниците на Трамп во Вашингтон.

Слични содржини