Твитер реакции: „Дали по веста дека Џафери добил внук денешниот ден ќе биде прогласен за неработен?“

од Берта Китинска

Денеска нема да се одржи продолжението на конститутивната седница на новиот парламентарен состав што вчера ја најави претседавачот Талат Џафери.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека претседавачот со конститутивната седница, поради објективни семејни причини, денеска нема да го закаже продолжението на седницата во Собранието и дека кога ќе имаат дополнителни информации за седницата ќе информираат.

Талат Џафери синоќа на неговиот фејсбук профил објави дека добил внук од ќерка.

– Благословени и пресреќни сме по веста дека ќерката Бесиана на свет го донесе нашиот внук, Фрашер!
Двајцата се добро, на нас е да се радуваме на убавите моменти, пишува Џафери на ФБ.

Честитки за внукот доби од лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој денеска напладне треба да го добие мандатот за составување Влада од шефот на државата Стево Пендаровски.

По оваа инфорамциај следеше лавина реакции на социјалните мрежи:

 

Слични содржини