„Твитер“ со солена казна поради неправилна употреба на личните податоци на корисниците

од Vladimir Zorba

„Твитер“ објави дека Федералната комисија за трговија (ФТЦ) наскоро може да го казни со 250 милиони долари за неправилна употреба на телефонските броеви на корисниците и мејл адресите. Може да се изрече потенцијална казна на компанијата за кршење на договорот на „Твитер“ од 2011 година со Федералната комисија за трговија, за повеќе да не ги доведува во заблуда корисниците за тоа како ги штити нивните лични информации.

Помеѓу 2013 и 2019 година, „Твитер“ за рекламни цели користел телефонски броеви и мејл адреси обезбедени од корисниците за да ги заштитат своите сметки. „Твитер“ ја откри практиката во октомври минатата година, велејќи дека е направена „ненамерно“ и ја нарече „грешка“. ФТЦ очигледно верува дека Твитер ги довел во заблуда корисниците со тоа што не открива дека нивните податоци можеби биле користени на овој начин.

Во кварталниот извештај што компанијата го испрати до американската Комисија за хартии од вредност, „Твитер“ соопшти дека прашањето останува нерешено и дека не може со сигурност да се каже кој би бил конечниот исход дури и ако може да се изрече казна.

Во тој документ, „Твитер“ направи проценка дека може да биде казнет во опсег од 150 до 250 милиони долари.

Слични содржини