Твитер соочен со бројни заминувања на вработени по ултиматумот на Маск

од Stefanija Kuzmanovska

„Твитер“ се бори да ги задржи вработените откако неговиот нов сопственик Елон Маск побара тие да се обврзат на „прекувремена работа со висок интензитет“ или во спротивно да ја напуштат компанијата.

Кризата во „Твитер“ синоќа достигна нов врв, бидејќи беше пријавено дека стотина вработени го одбиле ултиматумот на Маск, загрозувајќи ја способноста на компанијата да продолжи нормално да работи, пишува „Гардијан“.

Заминувањата од компанијата вклучуваат голем број инженери одговорни за поправање грешки и спречување на прекини во услугата, покренување прашања за стабилноста на платформата поради загубата на вработени и предизвикува расправа во менаџментот за неопходноста да се вратат некои вработени, соопштија сегашни и поранешни вработени во „Твитер“.

Слични содржини