Твитер за Кајли Џенер: Личи на Цеца од деведесеттите години

од Stefanija Kuzmanovska

Ријалити ѕвездата Кајли Џенер, воедно и најмладата милијардерка во светот, објави видео во кое ја рекламира својата нова леопард козметичка линија. Нејзиниот стајлинг, шминка и изглед генерално, ги потсети корисниците на Твитер на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ од периодот на деведесеттите години, за што се зборува на мрежите со денови.

Имено, од моментот кога го објави видеото на нејзините социјални мрежи, Твитер не престанува да коментира за наводните сличности помеѓу Кајли Џенер и Светлана Цеца Ражнатовиќ од 90-тите години.

Така, еден скриншот од видеото послужи како параван за поранешниот изглед на Цеца.

„Кајли малку фаќа црти на Цеца од деведесеттите години“, напиша еден корисник на Твитер.

Набргу потоа, корисниците на Твитер тргнаа во „офанзива“, правејќи мемиња и исмејувајќи ја ријалити вездата.

Меѓутоа тоа не е крајот.

Друг корисник на Твитер подоцна објави монтирано видео во кое Кајли Џенер игра на песната на Стоја, наводно на телевизијата „ДМ Сат“.

Слични содржини