Тврдоглав, но секогаш искрен, еве што ОЧЕКУВА мажот БИК од својата партнерка!

од Vladimir Zorba

Бидејќи жените сакаат да ги анализираат своите потенцијални партнери и преку хороскоп, во следниот текст, ќе ве запознаеме каков е мажот Бик во љубовните врски. Маж роден во овој знак е познат по својата искреност. Во неговите односи никогаш нема место за игри и тој не знае да лаже. Но, истото го очекува и од партнерот. Тој сака неговата сакана да биде како што е во секое време, без лаги и преправања, бидејќи во спротивно таа ќе ја изгуби довербата.

Кога таа влегува во врска, на мажот Бик му се допаѓа тоа да се одвива полека, без притисок, бидејќи тој не сака да брза кога станува збор за љубовта. Тој верува дека клучот за здрава и квалитетна врска е партнерите полека да се запознаваат едни со други – чекор по чекор. Тие не се склони да преземат иницијатива, но кога ќе се решат на тој чекор, многу ќе ја анализираат потенцијалната девојка. Кога ќе сретнете маж Бик на „прва топка“, тој ќе изгледа повлечен и срамежлив. Но, кога ќе запознае девојка што му се допаѓа, тој брзо се опушта и се отвора. Тогаш тој ќе прави сé за да го освои нејзиното срце. Тој е многу шармантен.

Кога е сигурен во чувствата на партнерот, тогаш тој е најдобриот и најлојалниот маж. Тој е романтичар и ужива во долгите врски. Затоа, ако сакате врска без обврски, тогаш нема што да барате со маж Бик. Тој не губи време и емоции во авантури.

Тој ја сака својата рутина и во никој случај не се откажува од тоа. Со него, секогаш ќе знаете на што сте. Биковите се често многу нежни и чувствителни, но токму овие квалитети го разликуваат од мажите родени во други знаци.

Слични содржини