„Тврдокорни“ на протест во петок: Трговија и уцени со Македонија НЕ

од desk2

Група, која себеси се нарекува „Тврдокорни“, преку социјалните мрежи, организира протест во петок на 24.02.2017.

Тие повикуваат на мирен марш под мотото „Марш за Македнија-Завет за Македонија“.

„Трговија и уцени со Македонија НЕ!!!!!!!“, пишуваат „Тврдокорни“.

Маршот ќе почне во 17 часот од Соборната црква „Св. Климент Охридски“ и ќе се движи до Жена Парк, каде на споменикот на бранителите ќе биде положено цвеќе.

Токму петок се споменува како ден кога треба да биде обзнането формирањето на Влада и дека СДСМ и коалицијата имаат обезбедно парламентарно мнозинство.

Слични содржини