„Тврдокорни“: Нема да дозволиме служењето пред Бога да биде спречено

од Vladimir Zorba

„Ако не се служат литургии во Македонија, нема кој да нè застапува пред Бога. Ние православните христијани, без литургија, сме мртви. Тоа нам ни е храната за да живее духот. Да се преземат сите стандардни мерки на заштита, но отворено кажуваме – не доаѓа предвид да дозволиме служењето пред Бога да биде спречено“, велат од ова здружението „Тврдокорни“, како реакција на вчерашните најави за забрана на литургиите во македонските православни храмови.

„Да не се надеваат безбожниците дека начекале можност за да ја замолчат црквата. Држете се до вашите убедувања, не ни чепкајте ги нашите. Никој да не се осмелил да преземе каква било казнена мерка кон православен свештеник, кој служи почитувајќи ги безбедносните мерки“, се наведува во соопштението на патриотското здружение и предупредуваат дека доколку некој се вмеша во ова прашање, нивниот одговор ќе биде бескомпромисен.

Тие велат дека доколку свештениците и верниците ги исполнуваат сите безбедносни мерки, нема основа зошто да се оспорува основното човеково право на вероисповед.

Слични содржини