Twitter го продава својот имот: Се продаваат фрижидери, компјутери, па дури и неонско лого – 500 огласувачи ја напуштија компанијата

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Големиот неонски знак, корпоративното лого на Twitter, моментално достигна цена од 17.500 долари, а покрај тоа, компанијата на милијардерот Eлон Маск продава на аукција машини за еспресо, повеќе фрижидери и компјутери.

Извршниот директор на Twitter сака драстично да ги намали трошоците, бидејќи многу компании ги прекинаа рекламните кампањи на неговата социјална мрежа, што наводно предизвикало доцнење на подмирувањето на обврските за деловни простории, пренесe CNBS.

Заинтересираните купувачи можат да го видат асортиманот на стоки од просториите во Сан Франциско што Twitter сака да ги продаде на веб-страницата на Heritage Global Partners, која ја спроведува аукцијата.

Неколку организации за човекови права ги повикаа компаниите да престанат да се рекламираат на Twitter поради обвинувањата дека социјалната мрежа не го спречува ширењето на говор на омраза и друга навредлива содржина на нејзината платформа.

Повеќе од 500 огласувачи на Twitter го прекинаа рекламирањето на мрежата откако Маск ја презеде, објави американскиот медиум „Information“, цитирајќи лице запознаено со маркетинг операциите на Twitter.

Дневниот приход на Twitter на 17 јануари бил за 40 отсто помал во однос на истиот ден во 2022 година, објави Ројтерс.

Откако Маск го презеде Twitter во октомври минатата година, корпоративните огласувачи си заминаа, како одговор на отпуштањата на илјадници вработени од страна на Маск и брзањето да плати проверени сметки, што доведе до измамници кои лажно претставуваат компании на Twitter, наведува британската новинска агенција.

Слични содржини