„Twitter“ призна за нов пропуст што им се заканува на корисниците на „Android“

од Vladimir Zorba

Само неколку недели откако доживеаја сериозен хакерски напад кој откри дека нивните вработени се најслабата алка во осигурувањето, објавена е уште една, не толку добра вест, од „Twitter“.

Имено, тие најавија дека постои безбедносен пропуст што може потенцијално да ги изложи приватните податоци на некои корисници на „Android“. Поточно, апликациите од трети лица може да ги заобиколат правилата за безбедност на „Android“ преку апликацијата „Twitter“ и да гледаат приватни пораки што корисниците ги размениле со други корисници на „Twitter“. Тие исто така истакнаа дека досега немаат доказ дека тоа навистина се случило.

Безбедносната маана е веќе решена за корисниците кои користат верзии 8 и 9 на „Android“, што би значело дека 96 проценти од корисниците на „Twitter“ се заштитени. Другите 4 проценти треба да ги ажурираат своите апликации за паметни телефони што е можно поскоро.

Тие ќе бидат специјално информирани од „Twitter“ за тоа што точно треба да направат.

Слични содржини