Twitter суспендираше сметки на членови на владејачката партија во Србија

од Vladimir Zorba

Компанијата Twitter суспендираше сметки на неколку претставници и политичари на владејачката Српска напредна партија (СНС) во Србија, како и на еден владин функционер, јавува „Ал Џезира“.

Меѓу суспендираните сметки е и онаа што ја користел Арно Гујон, директор на Дирекцијата за соработка со дијаспората и Србите во регионот, кој на таа функција беше поставен во 2020 година од Владата на Србија.

Twitter ги суспендираше сметките на 12 претставници на СНС во српскиот парламент.

Меѓу нив, како што соопштија од невладината ЦРТА, која ја следи работата на парламентот, се сметките на Невена Ѓуриќ, Сандра Божиќ, Милица Николиќ, Јелена Обрадовиќ, Александар Марковиќ, Крсто Јањушевиќ, Душан Радојевиќ, Јелена Жариќ Ковачевиќ. Александра Томиќ, Сташа Стојановиќ, Зоран Томиќ и Андријане Васиќ.

Освен нив, Twitter ги суспендираше и сметките на одредени високи членови на владејачката партија во Србија, како што се градскиот менаџер во Белград, Мирослав Чучковиќ и Славиша Миќановиќ, за кој белградските медиуми велат дека го води „интернет тимот“ на СНС.

Twitter јавно не објави зошто ги суспендирал сметките на членовите на партијата, на чие чело е претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Слични содржини