Уапсен амбасадорот на Азербејџан во Црна Гора, Србија и БиХ

од Vladimir Zorba

Амбасадорот на Азербејџан во Србија, Црна Гора и БиХ, Елдар Хасанов, е уапсен под сомнение за злоупотреба на голема сума пари и трошење на средства од буџетот без никаква цел, објави прес-службата на државната безбедност на Азербејџан, цитирана од РИА.

„Амбасадорот на Азербејџан во Србија, Црна Гора и БиХ, Елдар Хасанов, е приведен. Тој е обвинет за злоупотреба на голема сума пари од буџетот, за злоупотреба на пари и други кривични дела. Тој беше приведен за време на истрагата, а кривичната постапка е во фаза на истрага“, се наведува во соопштението од Баку.

Додадено е дека јавноста ќе биде информирана за понатамошниот тек на истрагата.

Слични содржини