Уапсен арачиновец кој си го убил соселанинот

од Aleksandar Todeski

Со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје, полицијата вчера го предала 28-годишниот Б.Р. од с.Арачиново, поради основи на сомнение дека на 18.08.2019 околу 17.20 часот, на ул.„21“ бр.152 во с.Мојанци сторил кривично дело уиство, кога поради меѓуфамилијарно нетрпение, со употреба на огнено оружје му нанел тешка телесна повреда на триесетгодишниот З.А.(30) од с.Арачиново, кој на 09.09.2019 во ЈЗУ УК „Св.Наум Охридски“ – Скопје, починал како последица на нанесената повреда.

На 18.08.2019 околу 16:00 часот во с.Мојанци, А. А., брат на починатиот З.А., по кратка вербална расправија околу напасувањето на добитокот, физички го нападнал А.З., татко на пријавениот и му нанел тешка телесна повреда. Подоцна, околу 17.20 часот, на ул.„21“ бр.152 с.Мојанци, Б.Р. кон З.А. испукал неколку куршуми од огнено оружје.

По преземени мерки, Б.Р. е приведен и предаден на ОЈО Скопје, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор.

Слични содржини