Уапсен е полицаецот кој беше вмешан во смртта на Џорџ Флојд

од Vladimir Zorba

Отпуштениот полициски службеник во Минеаполис, Дерек Шовин, кој учествуваше во апсењето со фатални последици по Џорџ Флојд, по што избија неколкудневни насилни протести во тој американски град, е уапсен.

Полицискиот комесар за јавна безбедност во Минесота рече дека Џон Харингтон е во притвор поради „поврзаноста со смртта што се случи на 25 мај“.

Сè уште не е јасно со какви обвиненија ќе се соочи Шовин.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја однесе армијата на улиците, набргу откако демонстрантите во Минеаполис ја пробија оградата и ја запалија полициската станица во тој град.

Афроамериканецот Џорџ Флојд почина во понеделникот, откако полицијата го врзаа со лисици на рацете, додека бел полицаец со коленото го притискаше за вратот.

Сите четворица полицајци кои учествувале во апсењето беа отпуштени под итна постапка, а Федералното биро за истраги се приклучи на истрагата.

Слични содржини