Уапсен крадец од Скопје: Со употреба на сила од патничко возило одзел торба

од Берта Китинска

На 03.11.2021 во 17.15 часот на ул.„Невена Георгиева Дуња“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Љ.Џ.(33) од Скопје.

Тој се сомничи дека во 16.40 часот на истата улица со употреба на сила од патничко возило одзел торба, која била пронајдена кај него и ќе биде вратена на сопственикот.

Љ.Џ. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини