Уапсен лихвар, одземени „мерцедес“ и „фолксваген голф“

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека приведен е О.Ц.(49) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

Според полицијата, при претреси во три објекти, сопственост на О.Ц.,биле пронајдени и одземени автомобил „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на лице од Куманово, автомобил „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на друго лице од Куманово, сообраќајни дозволи за двете возила, лична карта од едно лице, список со испишани имиња и пари.

Тој бил однесен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини