Уапсен македонски државјанин во Косово поради нелегално преминување на границата

од Nikola Popovski

Косовската полиција објави денеска дека уапсила државјанин на Република Северна Македонија поради сомневање дека влегол на косовска територија преминувајќи ја нелегално меѓудржавната граница, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на полицијата, осомничниот маж, кој е од албанска националност, е уапсен во селото Дебалде во општина Витина, во југоисточно Косово.

Со одлука на надлежен обвинител, на осомничениот му е конфискуван пасошот и истиот е ослободен во редовна постапка.

loading...

Слични содржини