Уапсен манијакот кој тепаше жени во Сплит, имал богато досие (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Сплитската полиција го уапси напаѓачот кој во саботата наутро нападна и повреди две жени во Сплит.

Како што неофицијално дознава „Слободна Далмација“, станува збор за Александар Нишевиќ (28) од Глина.

Нишевиќ и е познат на полицијата уште од претходно – во своето досие има голем број кражби, разбојништва, принуди и нелегално поседување оружје. Полицискиот оддел во Загреб го бараше и со изречна наредба за апсење. Кратко време живее во Срињани кај Сплит.

Една жена од областа Глина, исто така контактирала со редакцијата на „24сата“ и рекла дека го познава напаѓачот.

„Тој е познат на полицијата во Петриња. Тој честопати предизвикуваше разни проблеми. Ќе доаѓаше во кафулето, се опиваше, а потоа ги предизвикуваше помладите да се тепаат со него“, рече жена која од страв сакала да остане анонимна.

Слични содржини