Уапсен маж, фрлал молотови коктели кон воен комесаријат во Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Полицијата уапси маж осомничен дека фрлал молотови коктели низ прозорецот на воениот комесаријат во рускиот град Новосибирск, соопшти регионалната влада, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

„На 29 септември во 06:25 часот по локално време некој се обидел да го запали воениот комесаријат за областите Ленински и Кировски во Новосибирск. На два прозорци биле фрлени молотови коктели, кои предизвикале пожар“, објавено е на каналот Телеграм, кој се повикува на регионалниот воен комесар Евгениј Кудрјавцев.

Пожарот бил брзо изгаснат, а наводно нема штета, пишува ТАСС.

Осомничениот маж е приведен.

Слични содржини