Уапсен маж во Флорида поради заговор за киднапирање на Лана Дел Реј

од Vladimir Zorba

Маж со име Мајкл Хант е уапсен под обвинение за следење и намера за киднапирање на британската пејачка Лана Дел Реј, која имаше концерт на 2. февруари во „Amway Center“, Орландо, пишува „E! News“.

Веста изминатиот викенд ја објави полицијата на Орландо во својот профил на Twitter со зборовите: „Уапсен: Мајкл Хант, за следење и обид за киднапирање. По сигнал, полицајците од Орландо успеаја да го уапсат осомничениот пред да се доближи до Лана Дел Реј во „Amway Center“.
Малку подоцна полицијата пушти официјално соопштение со детали во кое се открива дека засегнатото лице планирало да ја одвлече ѕвездата во ноќта на нејзиниот настап. За време на апсењето биле пронајдени билети за концертот на пејачката, како и нож.

Самата пејачка не коментираше за случката, а концертот нејзин во Орландо мина без проблеми.

Лана се заблагодари на фановите на Twitter откако напиша: „Орландо! Форт Лодердејл! Мајами! Ви благодариме што дојдовте и го направивте ова шоу многу кул. Задржете ја својата енергија на високо ниво. Се чувствуваме среќни по неколку дена, исполнети со неверојатни програми“.

Слични содржини