Уапсен највозрасниот брат на кошаркарот Јокиќ

од Vladimir Zorba

Фото: novosti.rs

Најстариот брат на кошаркарот Никола Јокиќ, Страхиња, кој има 37 години, бил уапсен од полицијата во Денвер откако турнал и давел една жена, која излегла на тераса и барала помош.

Страхиња Јокиќ бил во станот со непознатата жена, а кога таа сакала да си оди, тој со сила ја спречувал да си замине. Американските медиуми пишуваат дека братот на ѕвездата нa Денвер нагетс бил пијан, а освен давењето, тој исто така и ѝ се заканувал на жената.

Во 2017 година кошаркарот изјави дека единствен човек од кој се плаши е неговиот брат. Страхиња и другпат има правено проблеми во САД, и тоа кога вербално му се нафрли на еден судија.

Слични содржини