Почетна / Слајдер / Уапсен неготинец, превезувал мигранти во „фолсваген венто“

Уапсен неготинец, превезувал мигранти во „фолсваген венто“

Во близина на раскрсница кај село Црвени брегови на регионалниот пат Неготино – Градско, вчера во 04.30 часот бил лишен од слобода А.Ј.(30) од Неготино кој управувал патничко моторно возило „фолсваген венто“ без регистарски ознаки, бидејќи во возилото превезувал мигранти. При негово запирање биле пронајдени три лица-мигранти од Бангладеш.

– За настанот е известен јавен обвинител и по негови насоки мигрантите се сместени во ПТЦ-Винојуг Гевгелија, додека пријавениот е предаден на полициски службеници од Полициска станица Неготино и против него ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти, соопштија денеска од МВР.

loading...