Уапсен охриѓанец кој ги тепал ќерката и сопругата

од Берта Китинска

На 25.06.2022 година во 18.20 часот во СВР Охрид лишен е од слобода И.К.(56) од Охрид. Тој претходно, во семејниот дом во Охрид, физички ги нападнал сопругата и нивната ќерка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Воедно на 25.06.2022 година во 00.25 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода Д.Т.(38) од Охрид. Тој претходно во семејниот дом физички го нападнал малолетниот син, упатил закани кон сопругата и оштетил дел од покуќнината. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се наведува во билетенот испратен од СВР Охрид.

Слични содржини