Уапсен осомничениот за масовното пукање во Чикаго

од Stefanija Kuzmanovska

Американската полиција објави дека го уапсила Роберт Кримо, кој е осомничен за убиство на шест лица во масовно пукање на парадата на Денот на независноста во Хајленд Парк, Илиноис, јавува Би-Би-Си.

Кримо (22) по кратка бркотница е приведен, соопшти полицијата.

Во пукотницата вчера во Хајленд Парк, предградие на Чикаго, шест лица загинаа, а повеќе од 30 се ранети, кога напаѓачот пукал од покрив кон луѓето собрани на парадата на Денот на независноста.

Слични содржини