Уапсен полицаец кој побарал и примил поткуп за да не напише казна

од Берта Китинска

Скопски полицаец барал мито од 100 евра за да не пише казна за наводен сообраќаен прекршок, но бил уапсен откако граѓанинот на кој му биле барани пари го пријавил во полиција.

Министерот Наќе Чулев на својот ФБ профил откри дека од слобода е лишен полицискиот службеник Б.Џ. и кај него се пронајдени парични средства во износ од 6.000 денари кои биле кримтехнички обработени.

По примена пријава од страна на граѓанин, а во координација со надлежен обвинител за гонење на организиран криминал, Единицата за корупција во Министерството за внатрешни работи по претходни добиени сознанија го лишиле од слобода полицискиот службеник Б.Џ. и при извршен преглед кај него се пронајдени парични средства во износ од 6.000 денари. Имено, полицискиот службеник со цел да не преземе службени дејствија во смисла на изготвување на платен налог за наводно сторен прекршок побарал и примил поткуп. Од страна на полициски службеници бил приведен на местото кое претходно било договорено како место за предавање на поткупот. Полицискиот службеник е лишен од слобода и при прегледот од него се одземени парични средства во износ од 6000 денари кои биле кримтехнички обработени.Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство презема мерки за понатамошно постапување.Вработените во Министерството за внатрешни работи имаат обврска и се должни строго да ги почитуваат законските прописи. Во таа насока ги повикувам и охрабрувам граѓаните да го пријавуваат секое прекршување на законите од страна на полициските службеници, напиша Чулев.

Слични содржини