Уапсен поранешниот премиер на Словачка поради организирање протест против актуелната Влада

од Nikola Popovski

Поранешниот премиер на Словачка Роберт Фицо е уапсен поради организирање протест против владата во Братислава, кој полицијата го забрани поради важечките епидемиолошки мерки.

Во полициското соопштение се наведува дека Фицо е уапсен вечерва непосредно пред планираните демонстрации во центарот на Братислава, пренесе АП.

Владата на крајот на ноември донесе строги епидемиолошки мерки, а меѓу другото беше забрането секој собир на повеќе од шест лица.

Фицо лани ги загуби парламентарните избори и оттогаш остро ја критикуваше власта за строгите епидемиолошки мерки што ги носи и е еден од најгласните противници на вакцинацијата.

Тој побара да се распише референдум на кој граѓаните ќе одлучат дали ќе организираат предвремени избори, што беше поддржано со петиција од 585.000 гласачи, но Уставниот суд одлучи дека тоа не е во согласност со Уставот.

Слични содржини