Уапсен републиканскиот конгресмен Џорџ Сантос

од Stefanija Kuzmanovska

Републиканскиот конгресмен Џорџ Сантос денеска им се предаде на властите под обвинение за перење пари, измама и проневера.

Федералните обвинители покренаа обвинение против Сантос, републикански конгресмен кој призна дека фалсификувал информации за неговата биографија, но ги одбил повиците да поднесе оставка, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на три неименувани извори.

Си-Ен-Ен во вторникот објави дека Сантос може да се појави уште денеска пред федералниот суд во Њујорк, каде обвинителите поднесоа запечатено обвинение.

Сантос (34) кој си ги „напумпал“ финансиските приходи и ја „разубавел“ биографијата, признал дека измислил добар дел од својата биографија.

Овој конгресмен, кој себеси се нарече „остварување на американскиот сон“, лажеше за својата верска припадност, тврдејќи дека е „горд на своето еврејско потекло“, иако американските медиуми пишуваа за неговото католичко семејство.

Тој исто така тврдеше дека работел во „Голдман Сакс“ и „Ситигруп“. Меѓу другите лажни тврдења, „Ројтерс“ известува дека Сантос тврдел дека има дипломи од Универзитетот во Њујорк и колеџот Барух, иако ниту една институција нема никакво досие за него.

Против него се водат неколку истраги во Њујорк, Конгресот, па дури и во Бразил.

Слични содржини