Уапсен руски опозициски политичар: Јавно кажал дека Путин е ПОЛОШ ОД СТАЛИН

од Stefanija Kuzmanovska

Руската полиција денеска го уапси опозицискиот политичар Леонид Гозман, откако беше покрената кривична постапка поради неговото наводно недоволно брзо информирање на властите дека и тој има израелско државјанство, потврди неговиот адвокат.

„На влезот на метро станицата Фрунзенскаја, Гозман бил приведен од припадници на метро полицијата“, објави на Фејсбук адвокатот на Гозман, Михаил Бирјуков.

Според „Ројтерс“, Гозман бил последниот лидер на малата политичка партија Унија на десните сили, која ги собрала неолибералните економски реформатори како Анатолиј Чубаис, кој ја напушти Русија и Борис Немцов, кој беше убиен во близина на Кремљ во 2015 година.

„Ројтерс“ пренесува дека Гозман јавно кажал дека претседателот Владимир Путин ѝ направил поголема штета на Русија со инвазијата на Украина од кој било друг руски лидер од Сталин, и дека постсоветска Русија всушност исчезнала во војната.

Слични содржини