Уапсен таткото на малолетникот од Обреновац кој извадил пластичен пиштол во училиште

од Stefanija Kuzmanovska

Полицијата во Обреновац, Србија, го уапси таткото на малолетниот ученик кој утрово во ОУ „Јефимија“ по едноминутно молчење извадил пластичен пиштол, пренесе „Еспресо.рс“.

Со него во полиција отишол и неговиот син.

Училишниот полицаец повикал полиција.

За потсетување, момчето со иницијали М.Д. од ранецот извадил пластичен пиштол и му го покажал на другар. Тој мавтал наоколу со пиштолот додека децата се исплашиле.

Истрагата е во тек.

Слични содржини