Уапсен тетовецот кој ги запали двете возила на ЕВН

од Nikola Popovski

Од МВР велат дека приведен е 43-годишен тетовец кој се сомничи за кривично дело предизвикување општа опасност. Тетовската полиција интервенирала на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс блок 70. По кратка интервенција двата пожари се локализирани и изгаснати.

„Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција, пожарите се локализирани и изгаснати”, изјави Ука Алити, командант на Тетовската територијална противпожарна единица. Увид на местата на опожарените возила изврши тетовската полиција.

„На улица ‘Ленин’ во врска кривично дело предизвикување на општа опасност од слобода е лишено лицето К.О. (43) од Тетово. Истиот е задржан во полициска станица за натамошна постапка”, велат од МВР.

Слични содржини