169
Еден тинејџер од Тампа, Флорида, беше уапсен под обвинение дека стои зад хакерските напади на Твитер, за време на кои се загрозени профилите на многу познати и истакнати јавни личности и организации, објави државното обвинителство Хилсборо, објави Ројтерс.
„ФБИ и Министерството за правда на САД спроведоа обемна истрага низ целата земја, го лоцираа и уапсија осомничениот во округот Хилсборо“, се вели во соопштението.
Идентитетот на осомничениот тинејџер сè уште не е откриен.