Уапсен убиец по 20 години бегство, не носел маска во продавница

од Nikola Popovski

Полската полиција денеска уапси 45-годишен маж бидејќи не носел маска во продавница. Се испоставило дека го уапсиле убиецот кој последните 20 години од животот ги поминал во бегство.

Според соопштението на полската полиција, уапсениот, кој сега има 45 години, веќе две децении бега од законот поради пресуда за убиство.

„Полицијата од населбата Биелани го уапси човекот затоа што немаше маска“, изјави за АФП Елвира Козловска, портпаролка на полицијата во Варшава.

Козловска не откри повеќе детали освен дека човекот сега е во затвор и го чека 25 години затвор за убиството што го извршил.

Слични содржини