Уапсен возачот на возилото кое влета во толпа луѓе во Берлин и усмрти едно лице

од Stefanija Kuzmanovska

Мажот за кој се верува дека денеска влетал во толпа во Берлин е уапсен, објави германската полиција на Твитер.

„Се верува дека приведениот влетал во група луѓе. Се уште не е познато дали се работи за несреќен случај или осомничениот имал намера да го изврши ова дело“, соопшти полицијата, додавајќи дека осомничениот бил приведен на лице место, пренесува „Ројтерс“.

Инцидентот се случи во близина на местото на смртоносниот напад на 19 декември 2016 година, кога Тунижанецот Анис Амри, поврзан со исламистичките терористи кои тврдеа дека се бегалци, нападна божиќен саем во Берлин со украден камион чиј возач прво го убил, а потоа удри во преполни пазарот, при што загинаа уште 11 луѓе и беа ранети уште десетици.

Слични содржини